Вучиќ: Борисов ми е пријател, но борбата за „Фолксваген“ е борба за Србија

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во телевизиско интервју синоќа дека неговата земја се бори при најтешки услови со уште четири земји – Бугарија, Романија, Турција и Украина, за фабрика на „Фолксваген“ во Србија, соопштија светските агенции.

„Знам колку се борат Бојко (Борисов), Ердоган, (Ливиу) Драгнеа, сите сме пријатели, но тоа е борба, борба за Србија. На овој ден, ако тоа се случи, ќе ги симнам очилата, ќе заплачам и ќе кажам – јас си ја завршив мојата работа“, рече Вучиќ.

Доаѓањето на „Фолксваген“ би променило се во Србија, рече Вучиќ и потсети дека тоа е најголемата автомобилска компанија во светот и само фабриката во Европа има 18.000 работници.

„Имаат неофицијален министер за надворешни работи, кој е во врска со сите најважни луѓе во Германија. Сите нив ги молев да ни обезбедат контакти“, вели Вучиќ.

Тој додаде дека се бори за доаѓање и на друга компанија, но не сакаше ништо да каже околу тоа.