Вучиќ: Да воведеме санкции кон Русија и да го признаеме Косово ќе бидеме шампиони

од desk2
99 прегледи

 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на самитот за климатски промени во Париз, за RTS го коментираше отворањето на две поглавја од преговорите со Европската унија.

Учеството на самитот за климата Вучиќ го гледа и како прилика за средба со францускиот претседател, кој според него, е еден од двете клучни фигури во Европа.

„Претседателот Макрон ужива огромен углед на сите меридијани и затоа очекувам денеска, на кусиот состанок, Макрон да ја посети Србија“, вели Вучиќ.

Тој за отворените поглавја од Брисел вели: „Две поглавја, две поглавја, колку сакаат нека отворат, им благодарам за тоа“, вели тој.

Знае дека за реформите во правосудството Европа е во право и вели дека тука ќе мора да работат за да го отстранат неефикасното судство што го наследиле.

Инаку, ако Србија утре воведе санкции за Русија и ако го признае Косово, би била „шампион во одбрана на правата на националните малцинства истиот ден и дека би цветало ефикасно и независно судство“.

Самитот за климатските промени почнува со свечен прием во Елисејската палата. Таму, францускиот претседател Емануел Макрон и повеќе од 100 светски лидери на неколку панели ќе разговараат за спогодбата потпишана во Париз и ќе ги разгледуваат идните чекори за спречување на климатските промени и глобалното затоплување.