Вучиќ ги седна Димитров и Рама во белградски ресторан: Прекрасна вечер, пријателство за иднината на регионот

од Nikola Popovski
3,5K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва на Инстаграм објави фотографија од белградски ресторан со премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Здравко Кривокапиќ, како и со вицепремиерот на Македонија, Никола Димитров.

Под фотографијата на која е и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, Вучиќ напиша „нашето пријателство е пријателство за иднината на целиот регион“.

„Прекрасна вечер во ресторанот Салон 1905 со пријателите од регионот, Еди Рама, Здравко Кривокапиќ и Никола Димитров. Јас и Ана Брнабиќ на нашите гости им подаривме одлични српски вина и се осмеливме да ги споредиме со многу добри француски вина“, објавил Вучиќ.

Вучиќ претходно ја посети и Белградската кула, со премиерите на Црна Гора и Албанија.

„Вечерва ја обиколувам Белградската кула со Еди Рама и Здравко Кривокапиќ“, изјави Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“, на кој објави и снимка од обиколката.

Вучиќ, Рама и Димитров утре во Палата Србија прво ќе разговараат со претставници на компании од Србија, Албанија и Северна Македонија, а потоа и со претставници на Атлантскиот совет.

Потоа следува разговор меѓу тројцата функционери, по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.

Слични содржини