Претседателот на Србија, Александар Вушиќ, покажа фотографија на која се гледа како треба да изгледа новиот Национален стадион.
Тој како гостин во утринската програма на Прва посочи дека овој модерен спортски објект ќе биде пандан на англиски „Вембли“, а изградбата ќе започне следната година.
Според него, проектот на новиот стадион е „насушна потреба“ за државата, што ќе донесе бројни спортови, но и финансиски придобивки.
Тој се осврна и на локацијата на новиот стадион, кој ќе биде изграден пред се за потребите на репрезентацијата. Тој додаде и дека целата област ќе просперира и дека цената на квадратен метар во околниот станбен и деловен комплекс би скокнала од сегашните 850 на 900 евра на најмалку 2.000.
Во јануари 2018 година беше претставен последниот нацрт на Националниот стадион, кој треба да има капацитет од 60.000 места, а трошокот за градба е 150.000.000 евра.
Објектот ќе се гради според највисоките светски стандарди, со најквалитетни столици, порти, тоалети, а ќе има и огромен простор за паркирање.