Вучиќ и Абазовиќ пристигнаа во Охрид

од Nikola Popovski
291 прегледи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчева информира дека попладнево пречекала дел од гостите на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, односно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој ќе биде набљудувач на настанот.

-Чест ми е што од името на Владата на Северна Македонија, денеска ги пречекав претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кои се дел од високите гости на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, што денеска и утре се одржува во Охрид. Нè чекаат два интензивни дена кои ќе ги искористиме за унапредување на односите, за олеснување на комуникациите и за приближување кон европските цели во повеќе сфери, со фокус на културата и туризмот, објави Костадиновска-Стојчевска.

На самитот треба да бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областа на високото образование, туризмот, културата и даночните служби.

Слични содржини