Вучиќ и Мекејн во Белград разговарале за ситуацијата во Македонија

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон Мекејн на средбата во Белград денеска разговарале за ситуацијата во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

SRBIJA VUČIĆ KRIMINAL

Вучиќ се надевал дека работите во Македонија ќе се одвиваат мирно и со почитување на македонските закони.

„За нас тоа е од големо значење, бидејќи ако не се задоволни Албанците, може да имаме проблем на југот на Србија. Ако имаат меѓусебни македонски судири, што никој не ги сака, ќе има големи и тешки последици. Да не зборувам дека тоа би довело до несигурност и до повлекување на инвеститорите“, изјавил Вучиќ на заедничката прес-конференција.

Тој додал дека поради тоа, зачувувањето на стабилноста и на мирот на Западен Балкан е од пресудно значење за регионот.

Мекејн истакнал дека сè што се случува во Источна Европа е од витално значење за безбедноста на САД и дека не смее да се дозволи да се случи нешто, со што може да се влоши состојбата во регионот.

Освен за регионот, Вучиќ и Мекејн разговарале и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, европскиот пат на Србија и за билатералната соработка помеѓу Србија и САД.