Вучиќ и Пендаровски разговарале и за развој на „братските односи меѓу Србија и С. Македонија“

од Nikola Popovski
215 прегледи

Претседателите на Северна Македонија и Србија, Александар Вучиќ и Стево Пендаровски во Давос разговарале за развојот на односите меѓу двете земји, иницијативата Отворен Балкан и одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква.

По средбата на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Пендаровски информира дека накратко се сретнал со Вучиќ и ја поздравил одлуката на СПЦ за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) како „чекор во вистинска насока“.

-На кратката средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА како чекор во вистинската насока, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Вучиќ на Инстаграм го изрази своето задоволство од средбата со Пендаровски.

„Драго ми е што се видовме и имавме можност да разговараме за иницијативата Отворен Балкан и понатамошниот развој на братските односи меѓу Србија и Северна Македонија“, напиша српскиот претседател.

Слични содржини