Вучиќ и Радев открија споменик на Св. Кирил и Методиј (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
320 прегледи

Споменик на словенските просветители беше свечено откриен денеска во дворот на средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во српскиот град Димитровгард, а на церемонијата присуствувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Со интонирање на химните на Србија и Бугарија, изведени од припадници на Српската армиска гарда, споменикот бил откриен во присуство на граѓаните на Димитровград. Камен-темелникот за споменикот го поставија Вучиќ и Радев на 22 јуни 2018 година.

Пред свечениот настан, претседателот на Србија, посочилдека е подготвен да разговара со Бугарија за решенија за тоа како да се олесни преминувањето на границата за туристите, додавајќи дека решението што го имаат со С. Македонија не може да се примени, бидејќи Бугарија е ЕУ членка.

Слични содржини