Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска им посака добредојде на учесниците на претстојниот Меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“.
Вучиќ ги покани сите на Саемот во Белград, кој свечено ќе биде отворен утре.
„Драги пријатели, ве очекуваме на најдобриот настан за оваа година – Саемот Винска визија на Отворен Балкан! Белград го отвори своето срце за сите гости кои во наредните денови ќе го запознаат нашиот Балкан и најдоброто што го има да понуди. Добредојдовте во Белград!“, објави Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Како што претходно беше најавено, лидерите на земјите од иницијативата Отворен Балкан во петок на самитот во Белград ќе потпишат договор со кој ќе се регулира соработката во областа на безбедноста на храната.
Саемот се одржува под покровителство на владите на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија, а се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 43 винарии и три дестилерии ќе дојдат од Северна Македонија.