
Насловните страници на дел од српските весници (Фото: Телеграф)
Денешните весници во Република Србија излегоа со насловни страни на кои се најавуваат текстови дека Србија ја нападнале странски служби од Македонија и дека македонската влада ги прислушувала српските високи функкционери, Заев и објавил војна на Србија, па дури го прислушувале и претседателот Александар Вучиќ.
С е објавуваат изјави на српски функвиониери па и изјава на самиот Александар Вучиќ кој пред камерите тврди дека во Македонија имало офанзивно делување против органите и институциите на Србија во кое што „се замешани и други сили“, без да прецизира кои се тие други сили.
Пакувањето пак на српскиот претседател е дека за ненадејното повлекување на целиот персонал на српската амбасада во Скопје на консултации во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ како пришина наведува дека тоа било направено „да го заштитиме нашето пријателство со Македонците“.
Од друга страна шефот на српската дипломатијаИвица Дачиќ ја кажува можеби главната квака на креираниот „разузнавачки скандал“.
Тој порача дека Србија би можела да го промени ставот во врска со примената на уставното име на Македонија, до колку официјално Скопје го смени својот воздржан став и го поддржи влезот на Косово во УНЕСКО, пренесува српската државна телевизија, РТС.
– Доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку тоа ја погодува Србија и српскиот народ, на претседателот (Александар) Вучиќ ќе му предложам Србија во однос на името под кое ја признавме Македонија, исто така, како и тие околу Косово во УНЕСКО, да ја има предвид позицијата на Европската Унија“, изјави Дачиќ.
Изјавата на Дачиќ следи по соопштение на македонската Влада дека ќе го следи примерот на ЕУ при гласањето за влез на Косово во УНЕСКО.
Кој за што, Дачиќ за името: Србија може да го смени ставот за признавањето на Македонија
Во однос пак на постапаката со повлекувањето на персоналот на Белград во српсксата амбасада во Скопје, македонската Влада ги поздрави „најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“.
Во контекст на разузнавачките скандали на релација Белград-Скопје , потсетуваме дека македонското јавно обвинителство сеуште го нема расчистено случајот со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ , дел од персоналот на срспката амбасада во Скопје ,кој за време на нападот на Собранието на 27 април годинава бил меѓу толпата народи и насилниците, кои брутално влегоа во парламентот и крвнички тепаа пратеници меќу кои и актуелниот премиер Зоран Заев.