359
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека системите со беспилотни летала се интересни за неговата земја и дека ќе види дали ќе постигне договор со турската страна за „Барјактар“.
Претседателот рече дека Србија е искрено и вистински воено неутрална.
„Таа сака сама да го штити и брани своето небо … Тоа ќе се покаже како многу паметна инвестиција. Гледам што се случува во различни блокови, важно е нашата земја да оди напред“, рече Вучиќ на прес-конференција во Палатата на Србија .
Тој најави дека ќе купи повеќе системи за беспилотни летала во иднина.
„Ќе видиме дали ќе постигнеме договор со турската страна. Ова се многу добри беспилотни летала““, заклучи претседателот на Србија.