Вучиќ: Ковачевски приреди фантастична македонска вечер, а Мали ме замара за Белградската кула

од Vladimir Zorba
406 прегледи

Во Белград се одржа самитот на иницијативата Отворен Балкан. За време на самитот, Србија ја посетија лидерите на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, Еди Рама, Димитар Ковачевски и Дритан Абазовиќ, како и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Претседателот на Србија објави на Инстаграм дека премиерот Ковачевски организирал фантастична македонска вечер, која не успеал до крај да ја испрати.

– Димитар Ковачевски вечерва приреди фантастична македонска вечер во Белград, а како и обично Синиша ме замара за Белградската кула и сите содржини што ќе ги има во неа. За среќа, и може да се види по неговиот израз, должноста да се напие вино премина од мене кај него. Да живее пријателството на Србите и Македонците! – стои до фотографијата.

Тој на својот Инстаграм профил објави и фотографија со албанскиот премиер Еди Рам.

– Горд на Белград на вода и на пријателството со Албанија кое го воспоставивме во последните неколку години – стои под фотографијата.

Слични содржини