Вучиќ: Курти продава магла

од Nikola Popovski
305 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти „продава магла“ и дека она што го зборува значи дека ќе ги повлече мерките кога Србија ќе го признае независно Косово.

Вучиќ пред црквата Свети Ѓорѓи во Будимпешта посочи дека нема да има разговори додека вооружените сили на Приштина не се повлечат од северот и нагласи дека тоа е единственото решение.

-Тие можат да организираат што сакаат, јас нема да се согласам со она за што мислат дека ќе се согласам. Вратете се на она што беше, па тогаш ќе можеме да разговараме“, рече Вучиќ на прашањето за наводната организација на итен состанок меѓу Белград и Приштина во Брисел.

Вучиќ ги праша новинарите „кои биле дејствата на Србија кон Косово“ или „кои биле дејствата на Србија на Цетиње“.

Слични содржини