Вучиќ: Македонија и Албанија заслужуваат да бидат дел од ЕУ

од Nikola Popovski
171 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Рама во Брисел изјави дека неговата земја пружила голема поддршка на почетокот на процесот на преговори со Македонија и Албанија.

-Меѓутоа ништо не се случи. Нашите пријатели од Скопје и Тирана го заслужуваат тоа. Двете земји сторија се и ги исполнија сите услови за влез во ЕУ. Сметам дека е потребно да се прифати предлогот на Макрон за нова Европска политичка заедница оти тоа е единствениот начин за да бидеме слушнати, чуени и да ги слушаме нашите европски колеги и нивниот начин на размислување. Зборував денес многу со Ковачевски и Рама бидејќи тие беа многу фер во однос на Србија, истакна Вучиќ на прес-конференцијата.