
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека парламентарните избори ќе се одржат на 21 јуни 2020 година.
По средбата со претставниците на партиите кои го објавија нивното излегување на претстојните избори, Вучиќ изјави дека го прифатил предлогот на одделни партии, за кои, како што рече, им се потребни 38 дена за одржување на избори.
Тој рече дека митинзите нема да бидат дозволени во мај, и „особено не на отворено“.
Претседателот претходно објави дека изборите ќе се одржат на 14 или 21 јуни 2020 година.