Вучиќ: Не го криевме бројот на починати, ќе ја добиеме вакцината меѓу првите

од Stefanija Kuzmanovska
359 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од КОВИД-19 и порача дека државата не крие ништо.

„Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт, за секој човек, да видиме како изгледа тоа. А тоа ќе го сторат клиничарите“, рече Вучиќ, додавајќи дека не мисли дека ќе има многу големи разлики.

Тој рекол дека државата не криела ништо и дека ќе работи транспарентно и во иднина.

Вучиќ изјави дека Србија ќе воведе вакцини кога ќе биде сигурна во нивниот квалитет, како и дека ќе бидат нарачани од земја за која ќе одлучат домашните агенции и лекарите.

„Ако има повеќе добри вакцини, ќе добиете повеќе добри вакцини, ако има една, една. Овие вакцини се скапи, тие се движат помеѓу 20 и 27 евра по доза“, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа се две дози, и дека државата ќе плати од 2.000 до 3.000 динари по лице.

Говорејќи за несовпаѓањето на податоците за бројот на смртни случаи од коронавирусот, Вучиќ рече: „Горд сум на сите лекари, никој од нас не употреби ниту еден лажен збор“.

Вакцината нема да биде избрана според земјата на потекло

Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе биде „на почетокот на колоната“ меѓу земјите кои ќе набават вакцина против коронавирусот и дека вакцината или повеќе од нив ќе се увезуваат кога ќе бидат сигурни во нивниот квалитет.

Вучиќ рече дека вакцината нема да биде избрана според земјата на потекло, туку во согласност со медицинските протоколи.

„Ќе мора да го добиеме составот на вакцината“, рече Вучиќ.

 

Слични содржини