Вучиќ: Не го променивме името на булеварот „Гоце Делчев“ само затоа што бил Бугарин

од Nikola Popovski
948 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарал на прашање на бугарски „БГНЕС“ дали Србија се срами од имињата на бугарските национални херои и затоа ги менува имињата на булеварите и улиците.

„За менувањето на имињата на улиците и дали некој сака да ги смени имињата на улиците на бугарските херои, бугарските лидери, бугарските револуционери, велам дека луѓето кои се важни за бугарската историја, не ни доаѓаат на памет да ги смениме“, вели Вучиќ во изјава за бугарската агенција.

Во конкретниот случај наведуваат од БГНЕС, станувало збор за булеварот „Гоце Делчев“ во Белград, чие име пред две години било сменето од српските власти, поради тоа што наводно „Гоце Делчев бил бугарски национален херој“.

„Ние Бугарите ги прифаќаме како пријатели и ја немаме оваа злоба за која понекогаш не обвинувате. Ние дури и не реагираме кога некој ќе не обвини за такви работи. Кога некој вели дека Пирот е бугарски, дека Ниш е бугарски, дури и јас како претседател, не реагирам на тоа “, додал Вучиќ.

Слични содржини