Вучиќ: Не се разбирам во мода, нo во Белград би можел да дојде „Луј Витон“

од Stefanija Kuzmanovska
698 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска во Париз дека во Белград би можел да дојде уште еден голем инвеститор, овој пат од светот на високата мода.

„Не се разбирам во мода, но инвеститорот од светот на модата, Луј Витон, би можел да дојде во Белград“, рече претседателот.

Како што додаде, „доаѓањето на еден таков инвеститор е добар знак и за другите, бидејќи кога ќе дојде Луј Витон, тогаш доаѓаат и други“.

Името Луј Витон е синоним за луксуз и квалитет повеќе од 150 години. Од основањето во 1854 година, брендот успешно се справи со плагијатори и создаде нови трендови, успевајќи да одржи многу висок квалитет на производите.

Говорејќи за метрото во Србија, Вучиќ рече дека првата линија на метрото во Белград ќе биде завршена најдоцна во рок од седум години и дека граѓаните на Србија ќе бидат директно вклучени во проектот.

„Мислам дека ќе има шест решенија за возови кои ќе бидат во метрото и луѓето ќе можат да избираат, тие веројатно ќе гласаат“, рече Вучиќ за телевизијата Пинк.

Тој додаде: „Првата линија треба да ја завршиме во 2027 година, пред 2028 година, а втората во 2030 година.

„Така, Белград ќе стане центар на регионот. Изградбата треба да започне на крајот на годината“, рече претседателот денеска во Париз, каде се состана со францускиот претседател Емануел Макрон.

Слични содржини