Вучиќ: Нема да ги земам предвидените 100 евра, Србија е толку подготвена што многумина ќе се изненадат

од Nikola Popovski
196 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за телвизијата „РТС“ изјавил дека доколку не биле 15 денови од вонредната состојба и целата криза, растот на БДП во земјата би бил околу 6,2 проценти.

Според него, „Србија е толку подготвена што многумина ќе бидат изненадени“.

„Брзо ќе ги стигнеме развиените земји отколку што порано беше случај“, додаде тој, најавувајќи дека растот на БДП не се очекува да оди под -1% или -1,5% оваа година.

После тоа, тој додал, „одиме со полни бели дробови, одиме да победиме“.

Претседателот на Србија исто така вели дека исплатата на минимумот за микро, малите и средните претпријатија ќе започне на 7 мај и дека државата за ова ќе одвои околу 300 милиони евра.

„Нема да земам 100 евра“

Што се однесува до распределбата на 100 евра на возрасните граѓани, Вучиќ повторил дека нема да ги земе тие пари. Тој објаснува дека не му се потребни парите и дека повеќе би сакал тие пари да бидат вложени во голема инвестиција.

„Веројатно би ги потрошил тие 100 евра на некои глупости“, рече тој, додавајќи дека е подобро да се користат тие пари, на пример, за да се изградат патишта.

Тој, исто така, уште еднаш ги повика српските граѓани да ги поминат годишните одмори во земјата.

„Ако оставиме најмалку 300-500 милиони од 1,4 милијарди што ги трошиме во странство секоја година во Србија, нашиот раст ќе биде уште поголем“, објасни тој.

Вучиќ додал дека во проекциите за растот на БДП е вклучен и падот на туризмот од дури 56%, како резултат на недостатокот од странски туристи, особено од кинеските.