За време на неговата посета на Пуковац, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека постојано добива извештаи за некакви „нон-пејпери“, а како што истакна пред да ја прими втората доза на вакцина против коронавирус, тоа му го зголемува крвниот притисок.
„Јас сум алергичен на пеницилин. После првата доза, немав никакви реакции, но ме убива ова со разните нон-пејпери и ми го качува притисокот. Доаѓам во Белград во 1:30 часот и добивам нов нон-пејпер. Сè друго е во ред“, рекол Вучиќ.
Тој додал дека документот не се појавил случајно.
Да потсетиме, откако наводниот словенечки „нон-пејпер“ предлага промена на границите на Балканот, медиумите во Приштина објавија документ во кој се наведува дека е подготвен од Франција и Германија за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што предвидува негово меѓусебно признавање на двете страни.
Имено, приштинска „Коха“ објави под етикетата „екслузивно“ дека таа го поседува тој наводен документ кој обезбедува рамка за понатамошни преговори.
„Коха“ наведува дека редакцијата добила документ за кој се вели дека е „нон-пејпер“, подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на овие две земји за продолжување на дијалогот и заокружување со конечен договор.