Вучиќ од Брисел: Ми вршеа притисок поради руската агресија врз Украина

од Берта Китинска

Претседателот Александар Вучиќ во Брисел изјави дека бил притиснат поради руската агресија врз Украина, но дека не дошол да ја оправда позицијата на Србија.

Вучиќ изјави дека од почетокот на рускиот напад на Украина, во европските медиуми се објавени 2.629 написи во кои се наведува дека Србија го загрозува целиот регион на Западен Балкан, го загрозува суверенитетот на Босна и Херцеговина и „т.н. Косово“.

Тој праша дали има извинување за тие „измислици“ што медиумите им ги пренесоа на граѓаните на европските земји и рече дека е само должен да постапува согласно интересите на Србија.

Не сум тука да ја оправдам нашата позиција, рече Вучиќ.

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Димитар Ковачевски учествуваа на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Зборувајќи за Самитот, Вучиќ рече дека Србија ја поддржува идејата за европска политичка заедница предложена од францускиот претседател Емануел Макрон.

„Тоа е единствениот начин да се слушне нашиот глас“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Албанија, Еди Рама.

Тој рече дека на своите европски колеги им ветил дека Србија ќе направи се што може до декември и следниот самит.

Нема да кажам дека ќе славиме, но мислам дека во декември ќе бидеме порасположени од денес“, изјави Вучиќ.

Слични содржини