Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од денеска до 5 септември ќе престојува во посета на САД, пренесе „Нова.рс“.

Како што се наведува, Вучиќ ќе учествува во разговорите за економска соработка меѓу Белград и Приштина, кои се организирани од Белата куќа.
По состанокот во Вашингтон, каде како можност се споменува и присуството на американскиот претседател Доналд Трамп, српската делегација ја чекаат разговори во Брисел на 7 септември.