Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи од Елбасан, каде престојува во рамките на иницијативата Отворен Балкан.
Вучиќ се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со премиерот Зоран Заев.
„Сметаме дека Oтворен Балкан е исклучителна иницијатива, направена поради луѓето што живеат во секој наш град, во секое наше село. Ќе имаме важни разговори за тоа како понатаму да напредуваме, да се поврземе, да соработуваме побрзо и посилно“, потенцирал претседателот Вучиќ, а објавено е неговиот Инстаграм профил.
Тројцата лидери денеска ја повикаа Европската Унија да ја поддржи иницијативата Отворен Балкан и изразија надеж дека новата германска влада ќе ја поддржи како придонес за реализација на Берлинскиот процес.
„Нашата иницијатива Отворен Балкан е голем чекор кон членството во ЕУ. ЕУ треба да го поддржи“, напишаа Вучиќ, Рама и Заев во заедничката авторска статија за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Во написот се оценува дека Европа е континент, но и визија, а дека граѓаните на Западен Балкан, иако важен дел од тој континент и таа визија, предолго се оставени да стојат пред вратата.