Вучиќ: Одличен состанок во Белата куќа, огромен чекор напред

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со Доналд Трамп во Белата куќа изјави дека е одржан одличен состанок, пренесе „ТВ Прва“.

Вучиќ изјави дека сè уште има огромни разлики меѓу Белград и Приштина, но дека договорот за нормализирање на економските односи, кој беше потпишан денес во Овалната канцеларија на Белата куќа, е огромен чекор напред, објави „Ројтерс“.

За време на состаноците во Овалната соба, Вучиќ го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Србија.

Ројтерс исто така објави дека премиерот на привремените институции на Косово, Авдулах Хоти, за време на церемонијата изјави дека договорот со Србија е голем чекор напред, што, според него, треба да доведе до взаемно признавање на двете земји.

Слични содржини