Вучиќ откажал состаноци, со здравјето не бил добро

од Milan_M

Српскиот претседател Александар Вучиќ откажа некои обврски по совет на лекар, изјави Сузана Васиjeевиќ, советник за медиуми на Вучиќ.

– Здравјето на претседателот не беше во ред, а Урсула Фон дер Лејен пристигнува утре вечер и задутре сме со неа во Ниш, означувајќи го почетокот на работата на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово, па мораше да застане. Така одлучивме, односно докторите му предложија да застане некое време и да се одмори  – изјавила Васиjeевиќ во емисијата на Еуроњус, пренесува „Н1“.

На прашањето дали јавноста треба да биде загрижена, таа одговорила дека не.

– Се надевам дека се ќе биде добро, тоа е само прашање на замор – рекла таа.

Според „Нова.рс“, како што изјавила Васиjeевиќ, средбите закажани за вторник со амбасадорите на Русија и Кина се одложени за среда. Откажан е и најавениот говор на Вучиќ на дводневната конференција „Западен Балкан, еден регион, еден пазар – чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“ во Нови Сад.

Слични содржини