Вучиќ откри до кога ќе трае вонредната состојба

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва на првиот канал на јавниот сервис зборуваше за коронавирусот и борбата против епидемијата.

Тој најави дека се надева дека ќе ја укине вонредната состојба во рок од еден месец и напомена дека по укинувањето, државата ќе започне сериозно да работи.

– Се надевам дека за еден месец, можеби порано, ќе ја укинеме вонредната состојба и ќе почнеме со работа. Јас едвај чекам на ова, да ги интензивираме нашите инфраструктурни работи, да започнеме повторно да ја развиваме нашата индустрија, рече Вучиќ.

Во Република Србија до 15 часот на 7 април 2020 година се регистрирани вкупно 2.447 потврдени случаи на КОВИД-19. Ова значи дека во последните 24 часа се регистрирани 247 новозаразени.

Србија сее тестирани вкупно 9626 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот. Од последниот извештај починати се три нови лица, а вкупната бројка се зголеми на 61.

Починаа двајца мажи и една жена.

Слични содржини