Вучиќ: Приштина планира општ напад на северот на Косово

од Nikola Popovski
165 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва оцени дека одлуките на косовските власти за табличките се донесени со цел да се протераат Србите од северот на Косово, додека одлуката за личните карти е скратување на правото за влез во Косово.

По средбата со европретставникот Мирослав Лајчак, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста со цел „да ја каже вистината и да не го доведе Лајчак во непријатна ситуација“.

„Ние сме секогаш подготвени за дијалог, додека некои други никогаш не се подготвени за суштински дијалог, но имаат поддршка од западните сили. Станува збор за тоа што тие донесоа две одлуки во нивните институции – едната е скратување на правото за влез во Косово со лични карти“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека Приштина планира „општ напад на северот на Косово до 1 октомври“.

Да потсетиме, претходно денеска Владата на Косово воспостави реципроцитет за влез на српски државјани на Косово. На состанокот во средата, владата на Курти одлучи да ја примени истата мерка како и официјален Белград, кој не прифаќа лични карти, но на косовските граѓани им дава писмо на влезот што ги заменува документите за идентификација.

Слични содржини