Вучиќ: Пронајдовме фотографии од уште едно тело

од Stefanija Kuzmanovska
590 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва, обраќајќи се од Обединетите Арапски Емирати на ТВ Пинк, рече дека во телефоните на уапсените членови на кланот на Вељко Беливук се пронајдени фотографии од уште едно тело на новооткриените жртви.

„Стомак да ве здоболи. Кога се борите со такви луѓе, тогаш е логично тие да имаат силна поддршка“, наведе Вучиќ.

На прашањето зошто Славиша Кокеза, Владимир Вулетиќ и Дијана Хркаловиќ го одбиле полиграфот, претседателот рече дека тој е „единствениот будала“ која го прифатила полиграфот.

„Вулетиќ цел ден зборува дека сака полиграф, а потоа не можел. Исто така и Хркаловиќ. На тоа можете само да се насмевнете, а сè им е јасно на сите“, наведува тој.

„Јас сум виновен за уште една работа, а тоа е дека луѓето научија дека вие правите нагодби со нив. Јас не се согласувам на уцени и соработка со мафијата. Не се согласувам да му се закануваат и да го рекетираат српскиот претседател, бидејќи тоа би било срамота за Србија. Мојата порака до оние кои сечат глави и ги трујат нашите деца со дрога, кои мислат дека можат да ја уценуваат српската држава, е да најдат друг начин да ме заменат, бидејќи нема да се покорувам“, изјави тој.

„Доволно е да го погледнете Дака Давидовиќ“

Коментирајќи ја изјавата на Миодраг Дака Давидовиќ, водачот на Народното движење, дека тој бил вмешан во обидот за негов атентат, Вучиќ рече дека Давидовиќ може да каже што сака, истакнувајќи дека некои луѓе се многу нервозни затоа што, како што рече, Србија напредува побрзо од некои земји во регионот.

„Доволно е луѓето да го погледнат тој човек, нема да кажам ништо. Нервозата е голема затоа што тој мора да му помогне на г-дин Ѓукановиќ. Благодарност до владиката Јоаники кој покажа елементарна човечност и коректност и што реагираше и го негираше тоа. Тоа е таква глупост “, наведува тој.

Слични содржини