Вучиќ се сретна со Панчев: Чест ми е што седам со големиот шампион

од Nikola Popovski
271 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во посета на Македонија, каде денес во Скопје треба да се одржи Економскиот форум за регионална соработка меѓу нашата земја, Србија и Албанија.

По тој повод тој се запознал легендата на Вардар и Црвена звезда, златната копачка од 1991 година, легендарниот Дарко Панчев.

Вучиќ разменил неколку зборови со славниот фудбалер, па ги сподели на својата страница на Инстаграм со пораката:

– Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што успеав да се сретнам со големиот шампион.

Слични содржини