Вучиќ сними видео за договорот со Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

„Триумфот“ на српскиот претседател Вучиќ во Белата куќа – овековечен со потпишување на билатералниот договор со претседателот Доналд Трамп – сега можете да го гледате и во видео формат, пренесе „Нова.рс“.

Имено, на официјалниот Инстаграм профил на претседателот, Budućnost Srbije, беше објавено кратко видео во кое се опишува патувањето на претседателот од Белград до Вашингтон и средбата со „најмоќниот човек на светот“.

Во видеото не се навлегува особено длабоко во анализа на договорот.

https://www.instagram.com/p/CEv1cYVJ606/?utm_source=ig_web_copy_link