Вучиќ: Србија е најбрзорастечката економија во Европа во првиот квартал

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Во првиот квартал од оваа година Србија е најбрзорастечката економија во Европа, рече денеска претседателот Александар Вучиќ.

„Добивме податоци за Ирска и Малта, ги чекавме. Официјално, Србија е најбрзорастечката економија во цела Европа во првиот квартал, според Евростат“, рече Вучиќ за „ТВ Панчево“.

Според него, Ирска „порасналла“ за 0,5 проценти од БДП, а Малта за 1,2 проценти во првиот квартал. „Горд сум на тоа. Никој во Србија никогаш не помислил дека е можно да се стори тоа“, рече Вучиќ, пренесува Танјуг.

Во првиот квартал, Србија забележала раст од пет проценти од БДП.

Вучиќ посочува дека верува дека до крајот на 2025 година просечната плата во Србија ќе изнесува 900 евра, доколку се зачува мирот и стабилноста.

„Верувам во работа, ангажман и посветеност, како и во луѓето кои се одговорни“, истакна Вучиќ.

Тој исто така истакна дека просечната плата во Србија во март била 510 евра.

„И тоа без зголемувањето на платите на медицинските лица и во среде криза со Ковид19“, рече српскиот претседател, додавајќи дека тој навистина ја кажувал вистината кога претходно објавил дека платата ќе биде поголема од 500 евра.