Вучиќ: Србија го сруши сопствениот рекорд, 75.000 вакцинирани за еден ден

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на видео објавено на Инстаграм изјави дека Србија го срушила сопствениот рекорд по бројот на вакцинирани во четвртокот.

Вучиќ им се заблагодари на граѓаните кои „одговорно донеле одлука да се заштитат себе си, своите најблиски, но и на сите други со кои ќе стапат во контакт“.

Тој рече дека над 75.000 вакцинирани лица денес се „резултат на кои дури и најразвиените земји во Европа и светот не можат да се пофалат пропорционално на бројот на жители“.

Вучиќ рече дека целта е Србија да има над 2,8 милиони вакцинирани и 2,2 милиони ревакцинирани до крајот на мај, а над три милиони вакцинирани и ревакцинирани до крајот на јуни.

Слични содржини