Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Србија не добила повик да прими бегалци од Авганистан, туку да ја потпише декларацијата предложена од САД, која како што рече, ја поддржуваат и потпишале во тишина.
Вучиќ вака одговори за ТВ Хепи на прашањето да го коментира насловот во весникот „Данас“ дека Србија уште еднаш го ставила прстот во окото на Америка, бидејќи не одговорила на поканата да прими бегалци.
Тој посочи дека Србија не добила покана за прифаќање бегалци, но и дека не е подлизурко веднаш да се изјасни, туку мора да размисли и ја разгледа ситуацијата, па потоа да донесе одлука за декларацијата, а не како што додаде, кога тоа го бараат Ѓилас или Солак или Американска амбасада.
„Донесуваме одлуки независно, но има луѓе кои имаат покорен менталитет, тие се воодушевени од одлуката на Твитер“, истакна Вучиќ, нагласувајќи дека списоците на медиуми што Твитер ги означи како владини се направени од тука.