Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес присуствуваше на свечениот почеток на учебната година во Високата спортска и здравственз школа за стручни студии, каде што стана бруцош ова лето.
Веста за тоа ја објави на својот официјален Инстаграм профил „Иднина на Србија“, со фотографии од амфитеатарот, со неговите колеги.
„Многу сум среќен што по многу години почнувам да ги остварувам детските соништа“, гласи коментарот покрај објавените фотографии.
Предавањата на Вучиќ ќе започнат во понеделник, 5 октомври, а првиот од многумина треба да го следи курсот „Педагогија на спортот“ од 9:30 до 11:00 часот.
Претходно, во едно од интервјуата, претседателот најави дека ќе учи да биде тренер по кошарка и дека по завршувањето на политичката кариера планира да се занимава со таа професија.