Вучиќ за пожарите во Македонија: Ќе ги испратиме нашите хеликоптери, можат да носат 1200 литри вода

од Nikola Popovski
203 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјавил дека Србија ќе ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Македонија процени дека тоа е потребно.

„Тоа и се предвидува во рамки на иницијативата Отворен Балкан. Нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, да помогнат во гасењето на пожарите. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра“, изјави Вучиќ по посетата на завршните работи за реконструкција и изградба на Клиничкиот центар на Србија во Белград, a објави дописникот на МИА од Белград.

Премиерот Зоран Заев утрото информира дека пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица.

„Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста. Сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи. Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот“, истакна Заев.

Слични содржини