Вучиќ: Центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина нема да ја сменат власта во Србија

од Nikola Popovski
269 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави новогодишна честитка во која порача дека има порака за „центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина“.

„Среќна Нова година и залудно се надевате – нема да ја смените власта во Србија“, порача Вучиќ.

Тој во своето обраќање, меѓу другото, рече дека ќе има значајни разговори со американските партнери за енергетиката и санкциите за Нафтената индустрија на Србија (NIS).

„Оваа година очекувам огромен раст во автомобилската индустрија, само поради Fiat Panda“, истакна тој.

„Верувам во работата и трудољубивоста на нашите луѓе и можеме да го постигнеме резултатот што го зацртавме, а тоа е да бидеме најуспешната и најбрзо растечка економија во Европа во 2025 година“, кажа српскиот претседател во видео-обраќањето.

Во него тој покажа и кутија во која има српски и руски чоколади: „Не е лошо секој да набави кутија која не мора сите да ја видат, а овие чоколади се навистина добри“, порача тој.

Слични содржини