Вучиќ: Да, и јас сум СНС бот

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот официјален профил на Инстаграм сподели фотографија на која меѓу другото вели „Да, јас сум СНС бот“.

Во објавата, која се состои од неколку фотографии од насмеани млади луѓе кои јадат сендвичи, хамбургери и помфрит, се вели: „Ја сакам Србија и Српската напредна партија најмногу на светот. Да, јас сум СНС бот“.

Заедно со објавата, Вучиќ напиша: „Да, и јас сум СНС бот“, пренесува N1.

Многу од неговите следбеници ја поддржаа оваа објава, сметајќи дека е забавна и духовита.

Да потсетиме, српската јавност изминативе денови читаше за шокантните сведоштва на луѓе кои, за да добијат работа и плата, морале да пишуваат секакви закани и навреди на социјалните мрежи. Една од нив, Јована Брајовиќ, изјави дека и таа претрпела еден вид на сексуално насилство.

Истовремено, жртвите на ботови на СНС опишаа што преживеале, велејќи дека очекуваат реакција од обвинителството.

Пред три дена на интернет се појави интерен список со повеќе од 14.000 наводни бот-акаунти на Српската напредна странка на социјалните мрежи, со имиња и презимиња на луѓето зад нив и од каде се.

По објавувањето на наводната листа на ботови, претставник на СНС лансираше т.н контра-кампања наречена „Да, јас сум бот на СНС“, посочувајќи дека е „горд на фактот“ што опозицијата најверојатно го вклучила во ботови.

Слични содржини