Вучиќ: Еден ден по масакрот во „Рибникар“ странска служба побара да им го предадеме Коста

од Nikola Popovski
138 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ информирал дека еден ден по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, претставник на странска служба побарал да им го предадат момчето кое ги изврши убиствата, но дека тој одбил да зборува за тоа.

-Видов дека случувањата во Рибникар предизвикаа големо внимание кај странците и во однос на односот кон убиецот монструм… Бев присутен во мојата канцеларија кога ден потоа побараа да им го предадеме Коста К… „Бидејќи вие не можете да казните затоа што е малолетник, не можете ни да го чувате, а тоа дете мора да има таков и таков живот, препуштете го на нас и така натаму“. Го одбив тоа и одбив да зборувам, затоа што знам колку би било неправедно кон родителите и кон семејствата на убиените. Тоа ни го побара директен претставник на странска држава и странска служба“, рекол Вучиќ на ТВ Пинк.

Тој додал дека тоа не е доволен доказ дека во трагедијата се вмешани странски служби, но истакнал дека околу трагедијата во Рибникар се случиле чудни работи.

Вучиќ рекол дека резултатите од најавената борба против корупцијата, граѓаните на Србија ќе ги видат на крајот на јануари, а ќе одговараат лица од сите сфери на општественото живеење и од сите политички партии кои незаконски стекнале материјална корист.

Вучиќ истакнал и дека државните органи – Обвинителството и полицијата јасно ќе покажат кои се кривичните дела и каде е прибавена противправната имотна корист.

„Мислам дека луѓето ќе бидат задоволни. Тоа ќе биде најжестоката борба против корупцијата што некогаш се водела во модерното време во Србија. Потребни се одредени подготовки, но верувам дека таму од Свети Јован или од Свети Сава, луѓето веќе ќе можат да забележат големи резултати на дневна основа“, изјавил Вучиќ.

Коментирајќи го обвинението против поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и уште 12 лица поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад, Вучиќ одговорил дека поради притисокот на јавноста врз Обвинителството преку разни протести, процесот е завршен побрзо од кое било друго место во светот.

Вучиќ рекол дека му е тешко да зборува за тоа бидејќи загинале 15 лица и дека нивните семејства и општеството во целина бараат одговорност за тоа.

Слични содржини