195
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди денешните ненадејни терористички напади врз Израел, истакнувајќи дека денеска повеќе од кога било потребно е Израелците и Палестинците заедно да му се спроистават на насилството.
„Ги осудуваме страшните напади врз Израел. Низ историјата, еврејскиот народ преживеал големи страдања и затоа Израел заслужува мирен и безбеден живот. Денес, повеќе од кога било досега, на светот му требаат Израелците и Палестинците да му се спротистават на насилството“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.