Вучиќ го правдаше Ѓоковиќ пред Аманпур: „99 отсто од луѓето во Србија веруваат во тоа“

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва гостуваше на Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашања за ситуацијата на Косово, но и на прашање на водителката Кристијан Аманпур за тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговиот гест кога по една од неговите победи тој напиша на објективот на камерата „Косово е срцето на Србија, стоп за насилството“.

Иако не го осуди категорично чинот на Ѓоковиќ, нејзиниот тон остави впечаток дека Аманпур го гледа негативно.

Таа му постави на Вучиќ прашање „дали ја одобрува реториката на Ѓоковиќ“ и дали тоа помага или штети на ситуацијата меѓу Белград и Приштина.

– Верувам дека Ѓоковиќ тоа го направи од се срце и дека 99 отсто од луѓето во Србија веруваат во тоа. Но, ние политичарите треба да бидеме прагматични, што значи дека треба да најдеме решенија преку преговори и конструктивен пристап, како да се справиме со проблемите заради иднината и да не страда повеќе ниту еден Србин и ниту еден Албанец. Како да се надминат сите тешкотии и да се создаде подобра иднина со отворени граници или административни линии и поголема економска соработка. Тоа е вистинско прашање – одговори Вучиќ.

Слични содржини