Вучиќ хоспитализиран во Белград – итно примен на ВМА поради влошена здравствена состојба

од Љубиша Владимиров
392 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска итно бил примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, откако доживеа ненадејно влошување на здравствената состојба. Претседателот на ВМА го пречекаа министерот за здравство Златибор Лончар и д-р Драган Динчиќ, познат по својата работа како личен лекар на поранешниот претседател Борис Тадиќ.

Според неофицијални извори, Вучиќ се почувствувал лошо додека бил во собата каде што се подготвувал за наредни состаноци. Инцидентот се случил по средбата со американската конгресменка Клаудија Тени, поранешниот гувернер на Илиноис Род Благојевиќ и група српски претприемачи од дијаспората. Во тој момент со него биле и министерот за финансии Синиша Мали, како и медиумската советничка Сузана Васиљевиќ.

Претседателот, кој претходно престојуваше во САД, побарал лекарска помош и по првичниот преглед одлучил да се врати во Србија. Од Кабинетот на претседателот најавија дека јавноста ќе биде благовремено информирана за здравствената состојба на Вучиќ во текот на наредните денови.

Слични содржини