Вучиќ: И Зеленски знае дека Србија нема да воведе санкции кон Русија

од Nikola Popovski
552 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски знае дека Србија нема да воведе санкции кон Русија и дека тоа не го побарал од него на средбата во Давос. учиќ на овој начин одговори на прашањето дали Зеленски побарал од Србија да воведе санкции кон Русија.

„Не, не затоа што не би сакал, туку едноставно не го побарал затоа што ја знае позицијата на Србија. Србија ја држи својата позиција веќе три години, за точно еден месец ќе наполнат три години. А таа позиција сите ја знаат, па не се споменуваше. Разговаравме за многу работи, иако тоа беше краток разговор. Разговаравме за мирот во Украина, но разговаравме и за некои работи на европскиот пат што ги имаме и ние и тие. Така најдовме некои заеднички именители“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

На прашањето кој е поблиску до ЕУ, Србија или Украина, Вучиќ одговори дека не знае како да го дефинира тоа – политички Украина е секако, а веројатно и најблиску, додека Србија е многу подолго на европскиот пат.

Вучиќ, кој присуствува на Светскиот економски форум, рече и дека сите очекуваат нови потези од претседателот Доналд Трамп и, како што вели, се чини дека ќе има тектонски промени во светот.

Тој исто така истакна дека Трамп нема симпатии кон Брисел.

„Трамп ќе ја подели поддршката меѓу поединечните земји-членки на ЕУ, но не и кон Брисел како центар на ЕУ“, кажа шефот на српската држава.

Вучиќ изјави и дека вниманието на светот е свртено кон Кина и Индија, што укажува дека се мисли на целиот регион на Индокина и додаде дека очекува уште многу промени во светот.

„Сите се вртат кон Индија и Кина, тие би сакале да можат без Кина, но не можат. Кога велам Индија, мислам на целиот регион Индокина. Го слушав и претседателот на Сингапур и владата на Малезија, добија внимание и огромна доверба, стануваат сè поважни. И Европа се свртува кон ова, но и кон Латинска Америка“, заклучил српскиот претседател.

Слични содржини