Професорот на Филозофскиот факултет во Белград изјави за новинарите дека во петокот му бил забранет влез во Хрватска затоа што „претставува закана за јавниот ред, внатрешната безбедност и јавното здравје“. Тој додаде дека одлуката му била соопштена на граничниот премин Батровци на патот за Бања Лука, каде требало да учествува на промоција на книгата „Тесла, Србин сум“ на историчарот Бранислав Станковиќ.
Вучиќ изјави за новинарите дека станува збор за „дивјаштво и арбитрарност во донесувањето на одлуки за забрана на влез какво што не е забележано ни во една членка на ЕУ“, пренесува Танјуг.
„Секој што сака, кој има мозок и кој сака да зборува за Олуја, Јасеновац, Јадовно, Пребиловци и српските страдања, не може да влезе во Хрватска. Европски вредности?“, праша Вучиќ.
Тој повика Министерството за надворешни работи да испрати протестна нота до Хрватска поради ова.