Вучиќ: Јасно е дека ќе има предвремени избори – прашање е само кога, нема да има преодна влада

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека е јасно оти во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни избори и дека сега единствено прашање е кога ќе се одржат тие.

„Ќе продолжиме да чекаме некои луѓе да разговараат, но бидејќи е јасно дека чекаат некои други работи, но никогаш нема да се случи некој да ја преземе власта на улица или со насилство, тоа беше премногу за оваа земја од 90-тите. Тие минати времиња одамна завршија“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека тој и Владата на Србија очекуваат да се појави некој кој, како што рече, „ќе покаже доволно одговорност за целото општество, а не само за неговите ситни партиски потреби“.

Претседателот изјави и дека нема да има преодна влада се додека тој е претседател, бидејќи, како што рече, тоа би значело дека со државата управуваат „еден тајкун и неколку странски центри на моќ“.

Вучиќ рече дека како претседател ќе почека да дојдат на разговор сите оние на кои им ја испратил таа покана.

„Ќе им кажам дека тоа е единствениот можен начин да се донесат промените што толку ги сакаат – да учествуваат на изборите, да ја добијат мнозинската поддршка од народот на изборите, а потоа да добијат мандат од претседателот да формираат нова влада“, рече Вучиќ.

Слични содржини