Вучиќ: Ќе има војна

„Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде потешко тука, од едноставна причина што луѓето треба да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека ќе има војна. И ви велам, ќе има војна“,

од Vladimir Zorba
474 прегледи Фото: Видео/Принтскрин/Нова.рс

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на отворањето на новата брза железница што ги поврзува Белград и Суботица,предупреди дека целиот свет се подготвува за војна.

„Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде потешко тука, од едноставна причина што луѓето треба да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека ќе има војна. И ви велам, ќе има војна“, рече српскиот претседател, пренесе Телеграф.

„Тие не се заинтересирани за разговори и преговори. Тие копаат ровови и чекаат почеток, а знаат дека војната сепак доаѓа. Тие чекаат и се подготвуваат“, додаде тој.