Вучиќ ќе се кандидира за премиер само ако истржувањата покажат дека нема друго решение

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека ќе ја прифати кандидатурата за премиер ако истражувањата покажат дека нема друго решение за неговата политичка опција да остане на власт.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТОК ТВ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека ќе ја прифати кандидатурата за премиер ако истражувањата покажат дека нема друго решение за неговата политичка опција да остане на власт.

-Би сакал тие да бидат луѓе во кои имам доверба, во смисла дека знам дека нема да ја уништат Србија, а ќе ја прифатам кандидатурата само ако истражувањата покажат дека нема друго решение и дека некои други, токму оние кои го извршија образовниот геноцид и злосторство и многу други работи против нашата земја, би победиле ако не се кандидирам, изјави Вучиќ.

Вучиќ беше премиер и претседател, секој по два мандата.

-Значи, многу рационален одговор, немам што друго да кажам за тоа прашање и соодветно на тоа, кога ќе ги слушнеме сите други луѓе, ќе донесеме одлука, изјави Вучиќ за ТВ Информер.

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека владејачката Српска напредна партија ќе побара од Вучиќ да биде кандидат за премиер на вонредните парламентарни избори.

Уставот на Србија не му дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат, тој потег се смета за начин да остане на власт по завршувањето на неговиот мандат.

Вучиќ ја најави можноста за одржување вонредни парламентарни избори, а најрано што може да се оддржат е крајот на мај.