Вучиќ: Косовскиот МВР може да сонува за отворање на српска амбасада во Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
1,3K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља „може да сонува“ за отворање на српската амбасада во Приштина.

Претходно, Свечља, откако го отстрани билбордот во Звечан со ликовите на Вучиќ, поранешниот директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ и рускиот претседател Владимир Путин, рече дека „единствениот симбол на Србија во рамките на Косово ќе да биде српска амбасада во Приштина“.

„Тоа се лоши соништа, кошмари. Во согласност со Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244 и нашиот Устав, Косово е дел од територијата на Србија. Така било и ќе биде така“, изјави Вучиќ.

Тој повтори дека Србија издвојува „огромни пари“ за Србите на Косово, но не сакаше да зборува за конкретни бројки.

„Го покривавме тоа во различни министерства. Ќе се погрижиме да ги зголемиме тие пари, а со тоа да придонесеме за опстанокот на нашиот народ на Косово. Луѓето не разбираат, мислат дека се е херојски чин, а најважно е дали можете да го обезбедите опстанокот на народот, дали луѓето имаат од што да живеат, да ги прехранат своите деца“, порача претседателот.

Слични содржини