Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека не верува дека ќе има некакви санкции против граѓаните на Србија, а доколку некој сака да преземе некакви мерки ќе ги преземе, вели, наводно против него лично.
Ова Вучиќ го изјави на ТВ Прва како одговор на прашањето дали има причина граѓаните да се плашат од војна и санкции, со коментар дека цел свет денеска се занимава со ситуацијата во Израел.
„Мислам дека никогаш не можете да тврдите што може да се случи, мислам дека луѓето во Србија можат да бидат мирни, верувам дека ќе успееме да го зачуваме мирот благодарение на силата на нашата земја и армија. Армијата да беше послаба, одамна немаше да имаме мир, а многу други ќе преземаа акции против нас“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека не верува дека ќе има санкции кон граѓаните.