Вучиќ: Ова е напад врз целата наша држава

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по второто масовно пукање во Србија за само неколку дена, во кое загинаа осум лица, а уште 14 беа ранети.

Два дена претходно, малолетник уби осум ученици и член на обезбедувањето во основно училиште во Белград, а синоќа 21-годишник во крвав напад со автоматска пушка уби осум лица.

За време на обраќањето ќе бидат презентирани новите мерки за спречување на вооружено насилство.

„Сакам да им кажеме дека, иако знам дека е многу тешко, ние сме обединети заедно во оваа тага и овој повторен масовен криминален напад по нападот врз нашите деца, а потоа и нападот на секој што се нашол пред ловечкиот дом или пред својата куќа. Ова е напад врз целата наша држава“, рече Вучиќ.

Слични содржини