Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Претседателот Вучиќ посочи дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, за почитување на се што е потпишано и договорено, и повтори дека „нашата земја се залага за деескалација, мир и стабилност, кои се неопходни за да се обезбеди опстанок на Србите на Косово“, соопшти Службата за соработка со за медиумите на претседателот на Србија.
Вучиќ уште еднаш детално го информираше специјалниот претставник на ЕУ за тежината на ситуацијата со која се соочуваат Србите, северно и јужно од Ибар, изразувајќи надеж дека ќе се постигнат резултати во понатамошниот процес на дијалог.
На денешната средба тој инсистирал на формирање Заедница на српски општини, а се разговарало и за други важни теми во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.